Тиквеш – Еурофарм Пелистер 20-30 (12-13)
Продолжува победничката серија на Еурофарм Пелистер во Суперлигата откако денес во Кавадарци битолчани славеа со убедливи 20-30. Пресудно беше второто полувреме во кое актуелниот вицешампион го покажа својот квалитет и го надигра домаќинот кој беше мотивиран стигнувајќи до двоцифрена победа.
Најефикасен беше Ханенерг со пет гола, а по четири постигнаа Кузманоски, Ѓоргоски, Пешевски и Костески. Во редовите на Тиквеш најрасположен беше Страхиња Симиќ со четири гола.
Ракомет
Суперлига 2022/23
13. коло
Група Б
Тиквеш – Еурофарм Пелистер 20-30 (12-13)
Спортска сала „Парк“ - Кавадарци
Гледачи: 500
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски
Тиквеш:
Брауновиќ, Стојановски 2, Дрогришки 2, Темелкоски, Велков, Соколов 1, Стефановиќ 2, Димовски 2, Лазов 1, Окардов, Шулески, Коцев 1, Симиќ 4, Хамзиќ 3, Петровиќ 2
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Ојлески 3, Маџовски, Кузманоски 4, Стоилевски, Радовиќ 3, Танкоски 3, Хосни, Костески 4, Дејвис, Кукоски, Ѓорговски 4, Васиљев, Пешевски 4, Хенеберг 5
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 6 минути
Во последното 14. коло Еурофарм Пелистер на домашен терен го пречекува Пролет.