Пролет – Еурофарм Пелистер 23-24 (12-11)
Во еден возбудлив натпревар вицешампионот Еурофарм Пелистер едвај победи против Пролет со 23-24. Битолскиот состав во завршницата имаше минус од пет гола, но сепак на крајот стигна до триумфот. Пролет имаше и шут за реми, меѓутоа ударот на Аларов од десет метри заврши во дирекот на битолчани.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди официјалните лица за натпреварите од првото коло на групната фаза на Европската лига. Единствениот македонски претставник во Европа оваа сезона, Еурофарм Пелистер, ќе го пречека данскиот претставник Архус.
Пријателски натпревар
Еурофарм Пелистер - Саудиска Арабија 28-22 (13-11)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес во пријателски натпревар во СЦ „Јане Сандански“ ја совладаа екипата на Саудиска Арабија со 28-22.
РК Еурофарм Пелистер го продолжува развојот и ја планира иднината со најдобрите млади македонски ракометари. Емилијан Ѓорговски е еден од оние кој влегува во сите комбинации на клубот во иднина и затоа уште најмалку три години ќе го носи „зелено-белиот“ дрес.
Данскиот интернационалец Себастијан Хенеберг е ново засилување за македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер. Данецот доаѓа од екипата на Алборг. 28-годишникот кој е висок 197 центиметри игра на позицијата лев и централен бек. Искусниот ракометар вчера пристигна во Битола и денес беше претставен пред медиумите.
Особено задоволство ни претставува што денес можеме да го претставиме првиот дански ракометар кој ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Нов член на нашиот клуб е Себастијан Хенеберг, кој потпиша договор до крајот на сезоната и веќе го започна тренажниот процес со новата екипа. 28-годишниот Хенеберг доаѓа во Битола од данскиот првак Алборг и игра на позициите лев и среден бек. Висок е 197 сантиметри, тежок 101 килограм и неколку години по ред настапува во Лигата на шампионите.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јуни 21, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 18, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 18, 2025 by RK Eurofarm Pelister