Еурофарм Пелистер – Мулти Есенс 40-22 (20-11)
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер со убедлив триумф над Мулти Есенс од 40-22 во второто коло од Суперлигата ги излечи раните од двата убедливи пораза на стартот од Лигата на шампионите против Колштад и Алборг, како и домашниот во дербито против Вардар.
Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер беше Ненад Костески со девет гола, Денис Васиљев стрела шест пати, додека Цехте, Радивојевиќ и Ѓоргоски погодија по пет пати.
Слободен ден добија Лесјак, Стевановиќ, Кисум, Нилсен, Павле Атанасијевиќ...
Ракомет
Суперлига 2022/23 – група Б
Второ коло
Еурофарм Пелистер – Мулти Есенс 40-22 (20-11)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 500
Судии: Глигор и Спаско Каеви
Еурофарм Пелистер:
Гедбан, Кизиќ, Цехте 5, Кузманоски 1, Тајник, Борзаш 3, Танкоски, Радивојевиќ 5, Костески 9, Петровиќ 2, Пав. Атанасијевиќ 3, Васиљев 6, Ѓорговски 5, Пешевски 1, Сери
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 2 минути
Мулти Есенс:
Ерманоски, Василевски, Димевски 3, Костовски 5, Илиески 1, Петковски, Узунчев 5, Петрески, Трајчев, Омерагиќ 3, Ѓорѓиевски 1, Тодевски 1, Димовски 1, Јорданов, Карасманакис 2, Трајчевски
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 6 минути
Во третото коло на Суперлигата, утре попладне Еурофарм Пелистер се среќава со Голден Арт.