РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека двајца ракометари на крајот на сезоната ќе го напуштат клубот на истек на договорот. Од следната сезона дресот на Еурофарм Пелистер 2 нема да го носат: Благојче Трајкоски и Милан Џукиќ.
РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека девет ракометари на крајот на сезоната ќе го напуштат клубот на истек на договорот или со платено обештетување. Од следната сезона дресот на Еурофарм Пелистер нема да го носат: Мартон Секељи, Рениер Табоада, Немања Обрадовиќ, Стипе Мандалиниќ, Јосип Периќ, Матео Мараш, Јосип Божиќ Павлетиќ, Елмир Граџан и Никола Маркоски.
Еурофарм Пелистер – Бутел Скопје 30-22 (12-14)
Со домашна победа против Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер ја заврши сезоната 2021/22 во Суперлигата. Одличниот втор дел им остави впечаток на љубителите на ракометот во спортската сала „Боро Чурлевски“. По -2 на полувреме, екипата на Жељко Бабиќ направи пресврти и со одлична одбрана и Секељи на голот постигна дури 18 гола во второто полувреме.
Охрид – Еурофарм Пелистер 2 23-23 (12-10)
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 од Битола одигра реми во Охрид против истоимената екипа 23-23, и избори излез на европска сцена. Натпреварот се одигра во рамките на последното коло од плеј-офот, по што екипата од Битола заврши на четвртото место, а поради подобриот меѓусебен скор со Тиквеш се избори за настапи и во евро-куповите следната сезона.
Еурофарм Пелистер е посилен за уште еден репрезентативец на Македонија. Од сезоната 2022/23 дресот на нашиот клуб ќе го носи репрезентативниот кружен напаѓач Жарко Пешевски. Овој ракометар се враќа во македонското првенство по настапите за Штутгарт во Бундеслигата.
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објавува списокот на повикани ракометари за подготовки за Медитерански игри во Оран (Алжир). На списокот се најдоа Кизиќ и Костески од Еурофарм Пелистер и Кузманоски, Ѓорговски и браќата Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер 2.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Ноември 20, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 20, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 19, 2024 by RK Eurofarm Pelister