Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за наптреварите од третото коло на Лигата на шампионите на ЕХФ. Еурофарм Пелистер ќе го пречека првакот на Германија, Кил, следната среда на 27 септември во 18:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Натпреварот меѓу победникот на Суперлигата и Бундеслигата за сезоната 2022/23 ќе го водат Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ од Австрија. Делегат на ЕХФ е Сотирис Мигас од Грција.
Гостите од Германија со чартер чет ќе пристигнат во нашата земја во вторник попладне.