Веќе во среда и четврток продолжува ракометната Лига на шампиони, а битолски Еурофарм Пелистер го очекува првото гостување. Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварот на македонскиот шампион против данскиот Алборг.
Шпанците Марин Љоренте и Гарсија Серадиља ќе го водат дуелот на пелистерци против Ландин, Хансен и другарите, а
делегат ќе биде Сигурдсон од Исланд.
Натпреварот меѓу Алборг и Еурофарм Пелистер се игра в среда на 20 септември од 20:45 часот во „Шпаркасен Арена“ во Алборг.
Во првото коло Алборг извојува гостинска победа на теренот на европскиот вицешампион Киелце.