Еурофарм Пелистер - Колштад 22-31 (10-16)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер имаа враќање со пораз во европската елита, откако Колштад убедливо славеше во Битола со 22-31 во првото коло во Лигата на шампиони. Норвешкиот супер тим беше преголем залак за македонскиот првак, кој ќе мора да се подобрува ако сака позитивни резултати во најсилното ракометно натпреварување на Стариот континент.
Играч на натпреварот беше неверојатниот голман на Колстад, Торбјорн Бергеруд, кој имаше фантастични 21 одбрана. На нападот незадржливи беа Адриан Алберг со 9 голови и Сигвалди Бјорн Гудјунсон со осум. Во редовите на тимот од Битола, Богдан Радивојевиќ постигна шест, а Нејц Цехте четири и тоа од 12 обиди.Урбан Лесјак на голот имаше 9 интервенции.
Еурофарм Пелистер - Колштад 22-31 (10-16)
Спортска сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Гледачи: 3.00
Судии: Роберт Шулце и Тобијас Тонис од Германија
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Цехте 4, Кузманоски 1, Тајник 1, Кисум 2, Борзаш 3, Танкоски 1, Радивојевиќ 6, Костески 1, Нилсен, Гедбан, Петровиќ 1, Василев, Пешевски 1, Сери, Стевановиќ 1
Исклучувања: 4 минути
Седмерци:4/3
Колштад:
Бергеруд, Еген, Халд, Ага, Сагосен 4, Ронинг, Алберг 9, Лангеланд, Бјоркас, Сетерблом 3, Гилеруд 4, Јоханесен 3, Лисе, Хернес, Гудјонсен 8, Јонсен
Исклучувања: 2 минути
Седмерци:3/3
Во следното второ коло, Еурофарм Пелистер гостува во Данска кај Алборг на 20 септември.