Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 30-25 (15-12)
Ракометарите на Вардар вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје го победија актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со 30-25 (15-12) во првата меѓусебна пресметка сезонава во домашната ракометна Супер лига.
Вардарци имаа контрола на играта и на резултатот во текот на целиот натпревар. Водството од 6-2 по првата четвртина од мечот беше само најава за уште еден супериорен настап на „црвено-црните“ во пресметката со битолскиот ривал кој минатата сезона им ја зеде шампионската титула.
Урош Борзаш постигна шест гола и беше најефикасен кај Еурофарм Пелистер.
Суперлига 2023/24
Група Б - Прво коло
Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 30-25 (15-12)
СЦ „Јане Сандански“ -Скопје
Гледачи: 3.000
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски
Вардар 1961:
Томовски, Гогов, Јагуриновски 3, Аларов 1, Георгиевски, Карапалевски, Јасихура 4, Родривез, Лазаревски 6, Срдановиќ 6, Николиќ 5, Петриќ 5, Ѓукиќ, Виктор Алонсо, Мишевски
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Гедбан. Кизиќ, Кузманоски 5, Тајник, Кисум 2, Цехте 1, Борзаш 6, Танкоски 2, Радивојевиќ, Костески 5, Пет. Атанасијевиќ, Ѓорговски, Васиљев 1, Пешевски 1, Пав. Атанасијевиќ 2
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 8 минути
Во второто коло в петок попладне, Еурофарм Пелистер го пречекува Мулти Есенс.