Европската ракометна федерација ги одреди саатниците за натпреварите од Ц групата на Лигата на шампионите. Еурофарм Работник ќе дебитира на 15 септември против Спортинг. Најстандарниот термин за домашните натпревари на битолчани е недела попладне.
РК Еурофарм Работник утрово замина на подготовки во Маврово. Стевче Алушовски и стручниот штаб на располагање има 24 ракометари кои конкурираат за место во тимот за СЕХА лигата и Лигата на шампионите. Предвидени се две фази на подготовки во Маврово, а првата почнува попладнево со првата тренинг сесија. Целта на Алушовски е билдање на тимскиот дух, бидејќи наскоро почнува бурната есен за вицешампионот.
По заслужениот одмор ракометарите на Еурофарм Работник денес ги почнаа подготовките за новата сезона. Тренерот Стевче Алушовски истакна дека симпатизерите на клубот ќе бидат горди на ракометарите оваа сезона.
Стевче Алушовски денес прозиваше во спортската сала во Битола. Еурофарм Работник ги започна подготовките за новата сезона во која клубот го очекуваат големи домашни и меѓународни предизвици.
Познати се двете групи во новата СЕХА сезона, во која македонскиот првак Вардар ќе ја брани титулата, а Еурофарм Работник ќе дебитира. Битолскиот тим ќе ги одмери силите со ППД Загреб, Металопластика, Весптем и Пекинг Спорт Универзитет. Новата СЕХА лига ќе стартува на 3 и 4 септември, а распоредот ќе биде познат наскоро.
Ракометниот клуб Еурофарм Работник ги продолжи договорите со неколку ракометари кои ги смета за составен дел од новиот проект. Договор на две години потпишаа Гоце Ојлески, Никола Маркоски, Градимир Чаневски и Мирко Радовиќ.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јуни 27, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 27, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 26, 2025 by RK Eurofarm Pelister