Почитувани
Компанијата Еурофарм и РК Еурофарм Работник во изминатиов период сесрдно се залагаа за реализација на Договорот со Општина Битола за уредување на капиталната и управувачка структура со ракометниот клуб Пелистер.
Селекторот на машката сениорска репрезентација Данило Брестовац го објави списокот на повикани ракометари за претстојниот собир и настап на машката сениорска репрезентација за меѓународни пријателските натпревари во рамки на ЕХФ неделата.
Македонскиот претставник во СЕХА лигата, екипата на Еурофарм Работник ги претрпе првиот пораз во натпреварувањето, откако со 24-23 (11-11) загуби на гостувањето кај ППД Загреб во Хрватска. .
За натпреварот од четвртото коло на ЕХФ Ллигата на шампионите меѓу Еурофарм Работник и Кокс започна процесот за акредитирање на сите ТВ, Веб ТВ и радио станици според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Работник сезонава.
Битола е во еуфорија, Еурофарм Работник запиша уште една победа во СЕХА лигата. Но, овој пат таа победа има многу поголема вредност, бидејќи е извојувана против двократниот шампион Веспрем. На прес-конференцијата по натпреварот зборуваа Стевче Алушовски и Елмир Граџан.
Еурофарм Работник ја забележа својата најголема победа од постоењето, славеше против Веспрем во Битола со 26-24. Тимот на Давид Дејвис не е во најдобра форма во последно време, а тоа знаеше како да го искористи Еурофарм Работник, одигра фантастичен меч и дојде до голема победа.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Септември 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 13, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 13, 2025 by RK Eurofarm Pelister