Ракометарите на Еурофарм Работник го совладаа Пелистер во првото градско дерби во 2018 година, откако во убав амбиент се радуваа со 22-25.
Втор натпревар и втора победа на Еурофарм Работник во пролетниот дел од Суперлигата. На убедлив начин ракометарите на Илија Темелковски го совлада гостинот од Прилеп, а одлично дебитираше Горан Кузманоски со два гола.
По пролетниот старт и победата над Борец, РК Еурофарм Работник двапати ќе игра во Битола оваа недела. Во рамките од 16. коло в среда од 17.00 часот следува дуелот со РК Прилеп во спортската сала „Младост“ во Битола, а в сабота следи и битолското дерби против Пелистер.
Борец – Еурофарм Работник 21-27 (7-16)
Ракометарите на Еурофарм Работник со победа се враќаат од Велес, откако го совладаа домашниот Борец со шест голови разлика. Сите 60 минути битолчани водеа и не дозволија велешани да направат изненадување.
РК Еурофарм Работник го официјализира потписот на Горан Кузманоски. Поранешниот репрезентативец потпиша договор до крајот на сезоната и за неколку дена ќе им се приклучи на новите клупски другари. Своето деби Кузманоски го очекува следната недела.
Филинген Берген – Еурофарм Работник 36-28 (15-16)
Со два порази во осминафиналето на Челинџ Купот, Еурофарм Работник е елиминиран од европските купови од норвешкиот Филинген Берген.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Ноември 20, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 20, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 19, 2024 by RK Eurofarm Pelister