Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги промени судиите кои ќе ја делат правдата на овој натпревар. На местото на Циндриќ и Гонжурек од Хрватска на теренот ќе се појават Босанците Јовиќ и Арнаутовиќ.
На првите три меча битолчани запишаа два порази и едно реми. Словенечкиот тим, воден од Урош Зорман, одигра само еден натпревар и на истиот победи.
Мечот во Љубљана се игра денес со почеток од 20:45 часот.