Еурофарм Пелистер 2 - Младост 36-23 (20-13)
Неколку дена по поразот од Работнички во Скопје, екипата на Еурофарм Пелистер 2 им се врати на победите и полесно од предвиденото го совлада Младост од Богданци со 36-23 (20-13). Ова е втора победа против богданчани за екипата на Александар Јовиќ и враќање на амбициите за разигрувањето.
Пелистерци уште од самиот старт му дадоа до знаење на ривалот дека од Битола ќе си замине со убедлив пораз и на „крилата“ на Петровски и Стоилевски веднаш резултатски се одлепи на плус седум гола (8-1). Гостите од Богданци со нешто подобри минути пробаа да се вратат во игра, но пелистерци не оставија ништо на случајност и на полувреме заминаа со 20 постигнати гола во противничката мрежа и позитива од девет гола. Вториот дел беше само формалност и шанса добија сите ракометари на Александар Јовиќ.
Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Стоилевски со шест и Стефан Талевски со пет гола, а кај Младост се истакна Мите Стоилов. Веќе в четврток тимот на Александар Јовиќ во Битола го пречекува тимот на Металург.