Еурофарм Пелистер и Вардар го одиграа најсилниот меѓусебен тест пред враќањето на СЕХА и европските обврски. Битолчани ќе продолжат на мини-турнеја во Врбас, Србија со која ќе ги заокружат подготовките за вториот дел од сезоната. Жељко Бабиќ ќе ја има комплетната екипа на располагање, со иклучок на капитенот Гоце Ојлески, кој поради повреда мора да одмора.
Ракометарите на Вардар и Еурофарм Пелистер попладнево во СЦ „Јане Сандански“ одиграа пријателски меч од затворен тип на кој европскиот шампион славеше со 32-28. Ова беше прв меч за „црвено-црните“ во новата година и пред стартот на вториот дел од сезоната, откако Еурофарм Пелистер веќе имаше две контроли против КЛ7.
Во рамките на зимските подготовки за пролетниот дел, екипата на Еурофарм Пелистер го одигра првиот тест со новиот тренер Жељко Бабиќ. Без репрезентативците кои учествуваа на последното Европско првенство во Шведска, Австрија и Норвешка, Еурофарм Пелистер забележа победа од 29-22 (14-11).
Денес во просториите на Еурофарм Пелистер беше потпиша договорот со кој хрватскиот стручњак Жељко Бабиќ се обврза да ја води екипата до јуни 2021 година.
Селекторoт на сениорска репрезентација на Македонија, Данило Брестовац го објави списокот на ракометари за претстојното ЕП 2020 во Австрија, Шведска и Норвешка. На дефинитниот список се најдоа четворица ракометари на Еурофарм Пелистер: Маџовски, Маркоски, Митревски, Велковски.
Заради повреда нема да настапи Велко Маркоски, а од списокот испадна и Костески.
Еурофарм Пелистер утринава го потврди хрватскиот стратег Жељко Бабиќ за нов тренер на тимот. Битолскиот клуб во сооднос со високите амбиции ангажираше познат тренер со големо искуство.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Септември 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 13, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 13, 2025 by RK Eurofarm Pelister