Еурофарм Пелистер и Вардар го одиграа најсилниот меѓусебен тест пред враќањето на СЕХА и европските обврски. Битолчани ќе продолжат на мини-турнеја во Врбас, Србија со која ќе ги заокружат подготовките за вториот дел од сезоната. Жељко Бабиќ ќе ја има комплетната екипа на располагање, со иклучок на капитенот Гоце Ојлески, кој поради повреда мора да одмора.
Македонскиот вицешампион во Србија ќе одигра два пријателски дуели, со шампионот Војводина и со Спартак Суботица.
Српската турнеја ќе биде последна проверка на силата пред осминафиналниот двомеч во СЕХА-лигата на Еурофарм Пелистер со Нексе. Првиот дуел е закажан за 1 февруари во Нашице, додека реваншот е на 12 февруари во Битола.