Еурофарм претрпе убедлив пораз на гостувањето кај лидерот во групата Б на СЕХА лигата. Веспрем. Уште на стартот Веспрем направи предност од 6-0, а битолчани првиот гол го постигнаа во деветтата минута.
На одмор се замина со предност од 17-10 за Веспрем. а во второто полувреме домаќинот само ја зголемуваше предноста за на крајот да слави со 35-24.
Михаил Петровски со четири гола беше најефикасен во составот на Еурофарм , по три погодоци постигнаа Ојлески, Радовиќ, Јотиќ и Остроушко. Кај Веспрем најефикасни беа Гајиќ и Нилсон со пет, а Манасков даде четири гола.
Во последното коло Еурофарм му гостува на Спартак Москва.