Во рамките на зимските подготовки за пролетниот дел, екипата на Еурофарм Пелистер го одигра првиот тест со новиот тренер Жељко Бабиќ. Без репрезентативците кои учествуваа на последното Европско првенство во Шведска, Австрија и Норвешка, Еурофарм Пелистер забележа победа од 29-22 (14-11).
Првиот дел започна со водство од 4-2 за битолчани, по што следеше брзо израмнување и прво водство од 5-6 за екипата на Андон Бошковски. Поискусната екипа на Еурофарм Пелистер предводена од Жељко Бабиќ замина со предност од 14-11 после 30 минути игра, а во вториот дел брзо се одлепи до финална победа од седум гола разлика.
Двете екипи повторно ќе се сретнат в сабота од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.