Почитувани љубители на ракометот
Билетите за престојниот натпревар од СЕХА лигата помеѓу екипите на РК Еурофарм Пелистер и РК Нексе кој се игра на 12 февруари во 20:15 часот ќе бидат пуштени во продажба денес 5 февруари 2020 година во 15:00 часот. Цената на билетот изнесува 150 денари и истите ќе може да се набават преку веб локацијата https://kartieurofarm.mk и на вообичаените продажни места:
Почитувани претставници на медиумите, ве покануваме на прес-конференција која ќе се одржи в понедекник на 11 февруари во 12:00 во прес салата на спортската сала „Боро Чурлевски“.
Еурофарм Пелистер загуби со 23-20 во првиот осминафинален натпревар од СЕХА лигата кој се одигра во Хрватска.
Втор натпревар и втора победа за Еурофарм Пелистер за време на подготовките во Србија. Битолчани имаа добар тест против суперлигашот од Суботица и забележаа победа со 28-19.
СЕХА лигата ги одреди термините за одигрување на осминафиналните натпревари сезонава. Еурофарм Пелистер гостува во првиот натпревар против Нексе Нашице на 1 февруари во 15:00 часот, додека реваншот е закаж за 12 февруари во 20:15 часот во Битола.
Еурофарм Пелистер продолжува со пријателските натпревари во рамките на подготовките за продолжение на сезоната. Македонскиот вицепрвак по поразот од Вардар во Скопје замина во Врбас (Србија) и веќе на првата контрола дојде до победа.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Септември 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 13, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 13, 2025 by RK Eurofarm Pelister