Ракометарите на Вардар и Еурофарм Пелистер попладнево во СЦ „Јане Сандански“ одиграа пријателски меч од затворен тип на кој европскиот шампион славеше со 32-28. Ова беше прв меч за „црвено-црните“ во новата година и пред стартот на вториот дел од сезоната, откако Еурофарм Пелистер веќе имаше две контроли против КЛ7.
Вардар - Еурофарм Пелистер 32-28 (15-12)
Вардар:
Гогов, Карапалевски, Ѓашовски, Шишкарев 1, Анѓелковски, Кукуловски 2, Ќосевски, Калараш 2, Горпишин, Горбок 1, Дибиров 4, Чупиќ 6, Скубе 9, Криштопанс 4, Димитриоски, Сикошек Пелко 3,
Еурофарм Пелистер:
Трајкоски, Чаневски, Митревски, Маџоски 2, Маркоски, Талески 1, Чурлевски 3, Радовиќ 3, Јотиќ 7, Вегар, Кукоски, Велковски 1, Остроушко 1, Ратајец, Граџан 7, Ѓукиќ 1, Кузмановски, Петровски 2
По натпреварот битолчани заминаа на подготовки во Врбас, каде екипата на Жељко Бабиќ ќе одигра два контролни натпревари.