Денес во просториите на Еурофарм Пелистер беше потпиша договорот со кој хрватскиот стручњак Жељко Бабиќ се обврза да ја води екипата до јуни 2021 година.
По потпишувањето на договорот Бабиќ изјави:
„Ова е ново искуство за мене, нов предизвик во еден проект кој има своја иднина, за веднаш ќе кажам дека во разговорите беше потенцирано еден ден од овој клуб да има што повеќе македонски репрезентативци и да го организираме на едно ново ниво младинскиот погон. Се надевам дека добро ќе се снајдам во овој период и Еурофарм Пелистер ќе биде подобар од тоа што е денес“.
Бабиќ веќе го одржа и првиот тренинг во спортската сала „Павел Шатев“ во Битола.