Еурофарм Пелистер продолжува со пријателските натпревари во рамките на подготовките за продолжение на сезоната. Македонскиот вицепрвак по поразот од Вардар во Скопје замина во Врбас (Србија) и веќе на првата контрола дојде до победа.
Избраниците на Жељко Бабиќ беа подобри од Војводина со 27-23 (15-11), ова беше меч кој целосно им припадна на битолчани. По позитивата од +4 на полувремето, битолчани во ист ритам продолжија до самиот крај.
Следен противник на Еурофарм Пелистер во овие мини-подготовки е Спартак Суботица.