Еурофарм Пелистер загуби со 23-20 во првиот осминафинален натпревар од СЕХА лигата кој се одигра во Хрватска.
Нексе Нашице - Еурофарм Пелистер 23-20 (10-9)
Нексе:
Морено Цар, Лелиќ, Радовановиќ, Етер, Милета 1, Баришиќ Јаман 4, Думенчиќ, Греганиќ, Јелиниќ 3, Вида 3, Северец 2, Пешиќ 1, Кевиќ 4, Томиќ 1, Возаб 3, Прибетиќ 1
Седмерци: 7/3
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Чаневски, Ојлески, Маркоски, Маџовски 3, Чурлевски 1, Радовиќ, Јотиќ 6, Вегар, Кукоски, Велковски, Остроушко 7, Ратајец, Граџан 1, Ѓукиќ 2, Петровски
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 2 минути
Кај Нексе, Кевиќ и Баришиќ постигнаа по четири погодоци, Цар исто како и Митревски имаше девет одбрани.
Реванш осминафиналниот натпревар кој се игра во Битола на програмата е на 12 февруари, победникот од овој дуел во четвртфиналето ќе игра против Вардар кој обезбеди директно место меѓу осумте најдобри.