Крилото Цветан Кузманоски од Струга се сели во Еурофарм Пелистер 2. Младиот ракометар денес позираше со дресот на битолскиот суперлигаш, само неколку минути по потпишувањето на договорот. Талентираното 20-годишно крило две сезони по ред е најдобар клупски стрелец и неговите настапи не останаа незабележани.
Од почетокот на февруари и возвратниот натпревар против Нексе Нашице, македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер не одиграл официјален натпревар. Екипата претрпе драстични промени и со седум нови лица денес ги започна подготовките за новата сезона.
Еурофарм Пелистер денес ќе го има првиот собир по долгата пауза поради прекинот на првенството кое беше предизвикано од панедемијата со коронавирус. Тренерот Жељко Бабиќ ќе ги има на собир своите ракометари, ќе им ја претстави програмата за подготовките, а клубот денес го презентираше новиот комплет на дресови со кои ќе се натпреварува во новата сезона.
В петок напладне ќе бидат извлечени паровите за следната сезона од ракометната Суперлига. Во домашниот шампионат најсилното друштво во сезоната 2020/21 ќе брои 16 екипи, но меѓу нив нема да бидат Вардар и Еурофарм Пелистер, кои ќе ја прескокнат првата фаза од првенството, поради настапите во СЕХА Лигата.
Александар Јовиќ како нов предводник на Еурофарм Пелистер 2 попладнево го одржа првиот собир со играчите. Јовиќ ја одржа првата прозивка на стадионот под „Тумбе Кафе“ во Битола, поради протоколите за безбедност и спречување на ширењето на коронавирусот.
Поранешниот македонски репрезентативец и тренер на Металург 2 и Металург, Александар Јовиќ денес беше претставен како нов предводник на Еурофарм Пелистер 2. Младиот тренер денес беше претставен во Битола и веднаш се зафати за работа, бидејќи попладнево ќе прозива како старт на подготовките на суперлигашoт. Во стручниот штаб на Јовиќ ќе работат Зарко и Атанасовски кои и минатата година беа дел од тренерскиот тим.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Септември 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 13, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 13, 2025 by RK Eurofarm Pelister