Поранешниот македонски репрезентативец и тренер на Металург 2 и Металург, Александар Јовиќ денес беше претставен како нов предводник на Еурофарм Пелистер 2. Младиот тренер денес беше претставен во Битола и веднаш се зафати за работа, бидејќи попладнево ќе прозива како старт на подготовките на суперлигашoт. Во стручниот штаб на Јовиќ ќе работат Зарко и Атанасовски кои и минатата година беа дел од тренерскиот тим.
Од поискусните ракометари, Еурофарм Пелистер 2 ги продолжи договорите со Васко Димитровски, Стефан Дрогришки, Стефан Талевски, Филип Ивановски, Дарио Петровски. Нови имиња се десното крило Никола Стоилевски, левото крило Цветан Кузманоски и кружниот напаѓач Филип Арсеновски.
Подготовките на Еурофарм Пелистер 2 ќе течат во неколку фази, а по тренинзи на отворено и во помали групи во Битола, екипата ќе се подготвува во Маврово.