Крилото Цветан Кузманоски од Струга се сели во Еурофарм Пелистер 2. Младиот ракометар денес позираше со дресот на битолскиот суперлигаш, само неколку минути по потпишувањето на договорот. Талентираното 20-годишно крило две сезони по ред е најдобар клупски стрелец и неговите настапи не останаа незабележани.
Новиот тренер Александар Јовиќ во ростерот ги има и засилувањата Стоилевски и Арсеновски, а Димитровски, Талевски, Петровски, Дрогришки останаа носители од ланскиот ростер. Екипата на Еурофарм Пелистер 2 минатата недела ги започна подготовките, а во меѓувреме ги доби и противниците во Суперлигата. Младата екипа ја Јовиќ ќе игра во групата Б заедно со Прилеп, Металург, Работнички, Младост Богданци, Тиквеш и Бутел Скопје.
Во првото коло Еурофарм Пелистер 2 во Битола го пречекува Металург.