Европската ракометна федерација ги одреди правилата пред ждрепката за квалификациите за Лига Европа во сезоната 2020/21.
Македонија ќе има три претставника во ова натпреварување, а само Еурофарм Пелистер директно ќе се најде во групната фаза. Таква повластена улога ќе имаат уште Адемар Леон, Ним, Магдебург, Татабања, Висла Плоцк, Динамо Букурешт, Чеховски Медведи, Кадетен Шафхаузен, Татран Прешов, Алингсас и Бешикташ.
Ова е уште еден голем чекор напред за битолскиот клуб кој во претходните две сезони играше во групната фаза на ЕХФ Купот и на Лигата на шампионите.
Металург не само што е директно пласиран во групната фаза, туку ќе мора да помине две квалификациски кола за да дојде до Европската лига. Истиот пат ќе треба да го помине и тимот на Бутел.