Новиот координатор на младинската школа на Еурофарм Пелистер, Стевче Стефановски веќе ја започна својата работа во клубот. Денес, во техничките простории на клубот, Стефановски одржа работен состанок со сите тренери во клубот. Темата беше ковање на клупска стратегија во следниот период, во која се вклучени сите категории на клубот.
Голем дел од тренерите кои работат во Еурофарм Пелистер, долги години се во ракометот и во клубот и ја познаваат тематика, клупските структури, инфраструктурата и планот на раководечките структури. Ваквите состаноци ќе бидат почести, за утврдување на клупските планови и стратегијата на краток и долг период.
Кон средината на јули се очекува пристигнување на сите ракометари во Битола и почеток на подготовки на сениорската екипа, водена од Жељко Бабиќ.