Александар Јовиќ како нов предводник на Еурофарм Пелистер 2 попладнево го одржа првиот собир со играчите. Јовиќ ја одржа првата прозивка на стадионот под „Тумбе Кафе“ во Битола, поради протоколите за безбедност и спречување на ширењето на коронавирусот.
Новиот тренер се претстави пред младите ракометари и беше одржан прв и лесен тренинг со кој беше означен почетокот на подготовките. Деновите младата екипа ќе тренира во Битола, а од следната недела се сели во Маврово на централните подготовки.
Во новата средина, Јовиќ на располагање ќе има млади ракометари, целта е стекнуваше на што поголемо искуство. Новиот стратег на битолчани долго време беше дел од тимот на Металург, соработуваше со Лино Червар, но и беше прв тренер и во Металург и во Металург 2.