Еурофарм Пелистер денес ќе го има првиот собир по долгата пауза поради прекинот на првенството кое беше предизвикано од панедемијата со коронавирус. Тренерот Жељко Бабиќ ќе ги има на собир своите ракометари, ќе им ја претстави програмата за подготовките, а клубот денес го презентираше новиот комплет на дресови со кои ќе се натпреварува во новата сезона.
Она што ќе ги израдува навивачите од Битола е што од трите комплети еден е зелено-бел, па така големата желба на фановите на Пелистер е остварена.
Еурофарм Пелистер најави дека по теркот на големите спортски колективи наскоро ќе отвори и фан-шоп од каде навивачите ќе може да си купат дресови и останати реквизити од својот клуб.