Кадетен Шафхаузен и ГОГ беше максимално израмнет и драматичен до самиот крај, а победата сепак им припадна на домаќините. Шампионот на Швајцарија славеше 29-28 (15-14), откако на две минути пред крајот имаше негатива, но со голот на Габор Часар во последната секунда ги освои бодовите. И по првиот дел беше еден предност за домаќините 14-13.
Еурофарм Пелистер го одложи дебито во новоформираната Лига Европа, па наместо на домашен терен против Татабања, првиот натпревар ќе го одигра во Данска, против ГОГ Гудме.
Од петте противници, битолскиот клуб во минатото играл со три ривали.
Откако пред два дена беа констатирани симптоми кај двајца ракометари, РК Еурофарм Пелистер 2 ги тестираше сите членови на клубот на ПСР тест на ковид-19. По дополнителните тестирања позитивни тестови има кај уште двајца ракометари. Во овој момент четворица ракометари на Еурофарм Пелистер 2 се позитивни на коронавирус, немаат симптоми и добро се чувствуваат.
РК Еурофарм Пелистер 2 ја информира јавноста дека двајца ракометари пријавиле симптоми на коронавирус и по тестирањето нивните резултати се позитивни. Целата екипа, стручниот и медицинскиот тим се тестираа и се очекуваат резултатите. Во зависност од нив ќе се знаат следните чекори и продолжувањето на тренажниот процес.
Македонскиот претставник во Лига Европа, Еурофарм Пелистер ќе дебитира против данскиот ГОГ Гудме на гостински терен, а не како што беше предвидено во Битола против Татабања.
На почетокот на последната работна недела пред стартот на натпреварите од Лига Европа, РК Еурофарм Пелистер конечно тренира во комплетен состав. Жељко Бабиќ на располагање ги има Марин Вегар и Марио Танкоски, кои се повредија на турнирот во Атина минатиот месец и во последните неколку недели тренираа одделно од тимот.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Септември 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 13, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 13, 2025 by RK Eurofarm Pelister