Кадетен Шафхаузен и ГОГ беше максимално израмнет и драматичен до самиот крај, а победата сепак им припадна на домаќините. Шампионот на Швајцарија славеше 29-28 (15-14), откако на две минути пред крајот имаше негатива, но со голот на Габор Часар во последната секунда ги освои бодовите. И по првиот дел беше еден предност за домаќините 14-13.
Натпреварот помеѓу Рајн Некар Левен и Тримо Требње не се одигра. Причина за тоа е што тестовите кои биле направени пред натпреварот дале еден позитивен резултат на вирусот корона. Словенците дојдоа во Манхајм, тренираа во „САП Арена“, арно ама нема да го дочекаат стартот.
Европската ракометна федерација дополнително ќе одреди термин за одигрување на овој натпревар, како и на дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Татабања, кој беше одложен пред неколку дена заради голем број позитивни на коронавирус во унгарскиот тим.
Прво коло:
Еурофарм Пелистер - Татабања - одложено
Рајн Некар Левен - Тримо Требње - одложено
Кадетен Шафхаузен - ГОГ Гудме 29-28 (15-14)