Македонскиот претставник во Лига Европа, Еурофарм Пелистер ќе дебитира против данскиот ГОГ Гудме на гостински терен, а не како што беше предвидено во Битола против Татабања.
Имено, Европската ракометна федерација го одложи натпреварот од првото коло на групата Ц на Лига Европа помеѓу Еурофарм Пелистер од Македонија и Татабања од Унгарија. Причината е големиот број на заразени членови на ракометната екипа и стручниот штаб на Татабања на коронавирус.
Натпреварот беше планирано да се одигра на 20 октомври во 18:45 часот во Битола, а ЕХФ дополнително ќе ги извести двата клуба за новиот термин за одржување на натпреварот.
Натпреварот ГОГ Гудме – Еурофарм Пелистер предвидене е да се игра на 27 октомври во 18:45 часот.