Европската ракометна федерација ќе дистрибуира брзи ковид-19 тестови за клубовите и федерациите за подобро функционирање во период на пандемија.
ЕХФ им достави тест комплети на клубовите кои се вклучени во натпревари во ЕХФ конкуренцијата до крајот на октомври, а исто така и сите национални федерации кои се вклучени во национални репрезентативни натпревари на почетокот на ноември исто така ги добија комплетите.
Брзите тестови даваат индикација дали коронавирусот е присутен во организмот во рок од 15 минути. Клубовите на кои не им е потребен негативен ПСР тест можат да ги користат тестовите, додека клубовите на кои им е потребен негативен ПСР тест поради патувањата, можат да го користат брзиот тест за домашните натпревари.