Во пресрет на почетокот на сезоната во СЕХА Гаспром лигата и Лига Европа, РК Еурофарм Пелистер го објавува правилникот за медиумските работници на натпреварите во време на пандемија.
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ги одреди броевите на дресовите за сезоната 2020/21 во СЕХА Гаспром лигата и Лига Европа.
Европската ракометна федерација ќе дистрибуира брзи ковид-19 тестови за клубовите и федерациите за подобро функционирање во период на пандемија.
Пред почетокот на официјални натпревари, ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа тест натпревар против Еурофарм Пелистер 2. Ова беше второ соочување меѓу двата битолски клуба и втор пат поуспешни беа поискусните ракометари на Жељко Бабиќ. Вицешампионот извојува победа од 27-26 (18-13), откако водеше во текот на сите 60 минути. Сепак, овој пат отпорот на младата екипа на Еурофарм Пелистер беше многу посилен и немаше да биде незаслужено ако во драматичен финиш натпреварот завршеше без победник.
Еурофарм Пелистер ќе игра во групата Д на Лига Европа. Битолчани ќе играат против силните Рајн Некар Левен од Германија и Татабања од Унгарија, а од Д сегментот за противници ќе ги имаат швајцарскиот Кадетен Шафхаузен, данскиот ГОГ Гудме и словенечкиот Тримо Требње.
За натпреварот од првото коло на ЕХФ Лигата на шампионите меѓу Еурофарм Пелистер и Татабања (20.10.2020) започна процесот за акредитирање на сите ТВ, Веб ТВ и радио станици според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Септември 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 13, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 13, 2025 by RK Eurofarm Pelister