Еурофарм Пелистер му се одмазди на ГОГ Гудме, кој исто така победи со еден гол разлика во првиот меѓусебен двобој во октомври. Тренерот на Данците, Николај Крикау по поразот од 32-31 на прес-конференцијата рече:
„Честитки за победата на Еурофарм Пелистер, вечерва ја заслужија. Ние не одигравме добра одбрана. имавме проблем со Периќ и комуникацијата со кружните напаѓачи. Нападот беше добар, но во одбраната дозволивме многу шутеви на бековите и имавме проблеми со средниот бек на домашната екипа. Не очекувавме ваков тип на натпревар, но противникот беше подобар. Сега ситуацијата во групата е отворена и пет екипи имаат шанси за осминафинале“.
Со девет бода, четири победи и едно реми, Еурофарм Пелистер сега го мина и тимот на ГОГ Гудме и сонува што е можно подобар пласман на крајот од групата Д во Лига Европа.