Нешто повеќе од две недели од последниот официјален натпревар во групата Б на Суперлигата и победата во Прилеп за заверка на плеј-офот, Еурофарм Пелистер 2 повторно е во тренажен процес. Со работен состанок и прв тренинг, предводникот Александар Јовиќ и неговиот стручен тим ја отворија ракометната 2021 година за најмладиот тим во разигрувањето.
Само две недели траеше паузата за ракометарите на Еурофарм Пелистер 2. Најмладиот учесник во плеј-офот на Суперлигата денес им се врати на работните обврски и тренерот Александар Јовиќ прозиваше во спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола.
Стипе Мандалиниќ и официјално го стави потписот на новиот договор со екипата на Еурофарм Пелистер. Хрватот беше најзвучното засилување на „пелистерци“ во текот на минатото лето, со одлични настaпи во изминатиот период ја оправда довербата на тренерот Бабиќ и на управата.
Откако вчера по доаѓањето на сите ракометари во Битола и правењето на ковид-19 тестовите со два тренинзи во текот на денешниот ден Еурофарм Пелистер ги започна подготовките за вториот дел од сезоната во салата на Медицинското училиште во Битола. Екипата синоќа се комплетираше, но во првата недела од припремите ќе отсуствуваат репрезентативците на Македонија, Црна Гора и БиХ, кои имаат обрвски кон националните тимови.
Во јануари 2020 година Жељко Бабиќ пристигна во Битола, а една година подоцна со ист ентузијазам ги започна подготовките за вториот дел од сезоната 2020/21. Без три македонски репрезентативци, Вегар, Периќ и Радовиќ, битолскиот тим одработи два тренинзи во спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола.
Со два тренинзи во текот на денешниот ден Еурофарм Пелистер ги започна подготовките за вториот дел од сезоната. Битолчани синоќа се комплетираа, но во првата недела од припремите ќе отсуствуваат репрезентативците на Македонија, Црна Гора и БиХ, кои имаат обрвски кон националните тимови.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Ноември 20, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 20, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 19, 2024 by RK Eurofarm Pelister