РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека постигна согласност за нов договор со ракометарот Мирко Радовиќ. Десното крило на црногорската репрезентација и во сезоната 2021/22 ќе го носи дресот на битолскиот суперлигаш.
Обновувањето на договорот на една сезона доаѓа на обострано задоволство и клубот ќе го официјализира со церемонија во клупските простории следната недела.
30-годишниот Радовиќ веќе три сезони е во Битола, а покрај искуствата во Будуќност Подгорица и Ловќен, настапувал и во Унгарија и Франција. Радовиќ собра 51 настап за црногорската репрезентација, а се квалификува и за Европското првенство во 2022 година.