Ракомет – Суперлига (плеј-оф) – 14. коло
Еурофарм Пелистер – Охрид 30-14 (15-8)
Со тринаесеттата победа во четиринаесет натпревар во плеј-офот, Еурофарм Пелистер ја заврши сезоната 2020/21. Екипата има ист број на бодови како новиот шампион Вардар 1961, кој ја освојува титулата заради подобар меѓусебен скор. Во последниот натпревар пелистерци убедливо го надиграа младиот тим на Охрид. Раде Стојановиќ им даде шанса на помладите ракометари и само половина полувреме парираше против фаворитот.
Еурофарм Пелистер извојува победа од 30-14, а посебно импресивен беше вториот дел, во кој екипата на Бабиќ прими само шест гола. По тринеделна пауза во тимот се врати Мандалиниќ, а одличен натпревар одиграа Граџан и Ѓукиќ.
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски
Еурофарм Пелистер:
Хендави, Чаневски, Трајковски, Ојлески 1, Маркоски 1, Маџовски 3, Кукулоски 1, Кузманоски 4, Мандалиниќ 1, Кушан, Радовиќ 3, Танкоски 1, Периќ 3, Кукоски, Граџан 6, Ѓукиќ 6
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 4 минути
Охрид:
Брауновиќ, Андоновски 1, Ивановски 3, Блажески, Костов, Николов, Иваноски, Ковачески, Соколов 1, Младеновиќ 1, Наумоски, Манасков 3, Шулески 1, Ристески, Димитриески, Тот 4
Седмерци: /
Исклучувања: 0 минути
Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Ѓукиќ и Граџан со по шест погодоци, а во таборот на Охрид се истакна Тот со четири гола.