Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ се најде меѓу најдобрите стрелци на првото издание на Лига Европа во ракомет. Во сезоната во која пелистерци стигнаа до осминафиналето, хрватскиот ас постигна 62 гола на осум натпревари.
Најдобри стрелци во Лига Европа 2020/21
1. Емил Јакобсен (ГОГ Гудме) 96
2. Омар Магнусен (Магдебург) 94
3. Александар Котов (Чеховски Медведи) 72
4. Џери Толбринг (Рајн Некар) 71
5. Халил Јагањац (Нексе) 69
6. Гонзало Перез (Адемар Леон) 68
7. Золтан Сита (Висла Плоцк) 68
8. Сергеј Косоротов (Чеховски Медведи) 65
9. Михал Дашек (Висла Плоцк) 65
10. Хуго Дескат (Монпелје) 62
11. Стипе Мандалиниќ (Еурофарм Пелистер ) 62
Мандалиниќ постигна 11 гола на двомечот против Тримо Требње и против ГОГ Гудме во Данска. Заради повреда не настапи против ГОГ Гудме во Битола, а натпреварот против Рајн Некар Левен не се одигра и битолчани службено извојуваа победа од 10-0.