Ракомет – Суперлига (плеј-оф) – 12. коло
Еурофарм Пелистер – Металург 34-24 (18-10)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа добар натпревар во 12. коло од Супер лигата и на домашен терен забележаа лесна и убедлива победа против составот на Металург со 34-24. Дуелот започна израмнето, но Периќ и Танкоски ги презедоа работите во свои раце и Еурофарм Пелистер се одлепи на +3. Клучниот момент настани околу 20-тата минута кога одбраната на Бабиќ донесе серија 5-0 и во 28. минута Еурофарм Пелистер поведе со +9. По 18-10 на полувреме, вториот дел беше само формалност и екипата на Бабиќ лесно славеше со 34-24, за деветта последователна победа во плеј-офот.
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески
Еурофарм Пелистер:
Хендави, Чаневски, Ојлески 4, Н. Маркоски, Маџовски 1, Кукуловски 3, Кушан 4, Радовиќ 1, Танкоски 4, Периќ 9, Костески 1, Кукоски, Петровски, Велковски, Граџан 2, Ѓукиќ 5
Седмерци: 8/7
Исклучувања: 8 минути
Металург:
Дупјачанец, Ѓоргоски, Петковски, Поповиќ 2, Кофиловски 2, Шилегов 1, Хорват 2, Калуѓеровиќ 9, Серафимов 3, Лазарески, Тарабокиа, Тодески, Митиќ, Рниќ 1, Додиќ 4, В. Маркоски
Седмерци: 4/1
Исклучувања: 6 минути
Во следното коло, веќе за време на викендот, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 го играат второто градско дерби во разигрувањето.