Ракометната федерација на Македонија целосно го одложи 13. коло од плеј-офот, како последица на трагичната смрт на репрезентативниот голман Никола Даниловски.
Најнапред беше одложен само натпреварот Охрид - Струга, а попладнево одлучено е да не се играат и останатите три натпревари, меѓу нив и дуелот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Еурофарм Пелистер. Целото коло е поместено за в понеделник на 31 мај во 19:00 часот.
Ракометарите и ракометните работници се во шок по ужасната вест од Охрид и не се во состојба денес да играат ракомет.