Момчето кое утрово е пронајдено мртво во водите на Охридското Езеро е ракометниот голман и поранешен член на РК Пелистер, Никола Даниловски.
Тој бил пријавен за исчезнат синоќа околу 21:00 часот. Според охридската полиција, на телото нема траги на насилство. Телото е пронајдено во близина на туристичката населба Лагадин.
24-годишниот Даниловски го бранеше голот на РК Охрид, а беше дел и од македонската репрезентација.