b_640_480_16777215_00_images_vesti_2023_11_rk_1.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер в четврток (18.45 часот) ги продолжуваат настапите во Лигата на шампионите со мечот против ПИК Сегед на гости. Битолчани по шест кола се без освоен бод, а задутре ги очекува тешко гостување во Унгарија против тим кој досега оствари две победи и едно реми и има добри шанси да обезбеди пласман во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

Тренерот на македонскиот шампион, Бранимир Ангеловски, вели дека ракометарите се подготвени за двата меча со ПИК Сегед во елитата, прво на гости, додека идната седмица ќе играат пред своите гледачи.

Бранислав Ангеловски
(тренер на Еурофарм Пелистер)
После добро одработените натпревари во домашното првенство, доаѓаме во една друга реалност. Нашата екипа е конструирана за Лигата на шампионите и ни следи уште еден тежок натпревар. Можеме да бидеме задоволни со добрите игри, но не можеме да бидеме среќни, затоа што резултатите изостануваат. Се надевасм дека со добра игра ќе дојде и тој посакуван резултат и таа победа во Лигата на шампионите. Одработивме добро и спремни сме за двомечот со ПИК Сегед. Знаеме дека гостуваме на тежок терен и пред жешка атмосфера. Но, за тоа ќе добијат реванш во нашиот храм, пред нашите верни навивачи.

Ги знаеме нивните силни страни и ќе се обидеме да ја затвориме нивната транзиција и играта преку кружниот напаѓач. Имаме една дилема, а тоа е играњето на Цветан Кузманоски, кој веројатно ќе го пропушти овој натпревар. Многу работи не се сменија со заминувањето на Пастор. Не треба да не залажува поразот од Веспрем, напротив, тоа треба да ни биде порака дека ќе играме со „ранет лав“. Бомбач е „моторот“ на тимот, словенечката линија и Степанчиќ се моќно оружје, но тука се и унгарските ракометари и Калараш. Знаеме дека може да играат „седум на шест“, можат да се трансформираат во одбрана од 6-0, во 5-1, но ќе бидеме спремни на сите нивни решенија.

Сигурно дека Богдан Радивојевиќ ми помагаше, се консултиравме, но јас сите овие години го следев Пастор, затоа што ми е еден од омилените тренери. Нивната игра не е многу променета, новиот тренер не донесе многу новини, па нашата најдобра страна на овие два натпревари би било ако бидеме сплотени. Не смееме да се предаваме, и против Киелце имавме слабо отворање, па се вративме. Имавме одлични натпревари и во Париз и во Загреб, но паѓавме во завршницата. Посакуваме добра игра која ќе ни даде мотив во Битола да бидеме уште подобри и да извојуваме победа.

Богдан Радивојевиќ
(РК Еурофарм Пелистер)
Драго ми е што ќе се вратам и ќе заиграм повторно во Сегедин. Едвај чекам да дојде натпреварот. Се спремаме, знаеме како игра ПИК Сегед, но нема да играат против нас како на останатите натпревари. Мораме добро да се спремиме, напорно работиме и се надеваме на позитивен резултат.

Им остана шпанскиот систем кој го играат десетина години, но со новиот тренер и со некои нови играчи воведоа некои новини. Ги гледаме на натпреварите оваа сезона, се спремаме и мораме сите шеесет минути да играме добро, бидејќи ако малку се опуштиме, нема добро да поминеме. Мораме да ја спремиме главата да бидеме цел натпревар на ниво. Атмосферата кај нас е добра, играме добро и во Лигата на шампионите, и не дозволуваме убедливи порази како на почетокот. Но, тоа доаѓа и со искуството, имаме млади играчи кои не играле во ова натпреварување и мора максимално да се игра шеесет минути. Сега сме свесни за тоа, одигравме добро и во Париз, но недостига малку искуство да бидеме комплетни. Напредуваме од ден на ден и верувам дека тоа ќе се види на терен.

Салата во Сегед е најубава ракометна сала во Европа. Тоа е само ракометна арена, таму не се игра ни кошарка, ни било кој друг спорт. Имаат и мала сала за тренинг покрај големата. Убаво е да се игра таму и среќен сум што нашите млади играчи ќе го искусат тој амбиент. Нам ни преостанува само да се надминеме и да се обидеме да победиме.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723