Дожд ги дочека ракометарите на Еурофарм Пелистер во Задар на единаесеттиот завршен турнир на СЕХА лигата. По вообичаените медиски и маркетинг активности, битолчани вечерва за првпат ја почувствуваа атмосферата во салата „Крешимир Ќосиќ“. На задолжителната прес-конференција зборуваа тренерот Валтер и голманот Лесјак.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре патуваат за Задар, каде што ги очекува вистински предизвик со настапот на завршниот турнир во СЕХА лигата.
Левиот бек Емилијан Ѓорговски и тренерот Ларс Валтер зборуваа пред битолските новинарите пред последните тренинзи пред летот за Хрватска.
Почнува интензивна недела за ракометарите на Еурофарм Пелистер, која треба да кулминира со завршницата на СЕХА лигата во Задар следниот викенд.
СЕХА недела за Еурофарм Пелистер
Алпла Хард - Еурофарм Пелистер 2 24-21 (13-11)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 загубија со 24-21 (13-11) на гостувањето кај Алпла Хард во првиот натпревар од првото квалификациско коло за пласман во Лигата на Европа.
Еурофарм Пелистер 2 го очекува европското деби и натпреварот од првото квалификациско коло во EХФ Европската лига.
Ривал е екипата од Австрија, Алпла Хард, која минатата сезона беше на второто место во првенството. Битолчани од петокот наутро се во Австрија, во терминот на одигрување на натпреварот, пелистерци тренираа во салата во Алпла.
РК Еурофарм Пелистер 2 ја известува јавноста дека ракометарите Павле Петровиќ и Дејан Кукуловски по периодот подготовки минат во тимот на Еурофарм Пелистер, се приклучија во Еурофарм Пелистер 2 и веќе се пријавени за натпреварите од ЕХФ Лига Европа, Суперлигата и Купот на Македонија. Петровиќ и минатите две сезони го носеше дресот на Еурофарм Пелистер, а Кукуловски ќе дебитира утре против Алпла Хард во првото квалификационо коло на ЕХФ Лига Европа.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister