Machineseeker Group (Групацијата Машинсикер) уште еднаш ги обезбеди правата за именување на EHF Champions League (EHF Лигата на шампиони) во сезоната 2023/24. Посветеноста на германската технолошката компанија, опслужувач на водечките онлајн пазари за половни машини и комерцијални возила во Европа, со ова влегува во втората рунда.
Отворен е процесот за акредитирање на медиумите и медиумите работници за натпреварот од осмото коло на групата А на ЕХФ Лигата на шампионите меѓу Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед (22 ноември - 18:45 часот). Процесот за акредитирање важи за печатените медиуми според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.
Селекторот на младата македонска репрезентација, Раде Стојановиќ, го објави списокот на повикани ракометари за активностите за време на ЕХФ-неделата. Младинската ракометна репрезентација од денес се подготвува за двата пријателски натпревари кои нашите надежи ќе ги одиграат со соодветната селекција на Турција.
Со подобро одиграно второ полувреме ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 дојдоа до победа од 26-33 на гостувањето против Скопје во деветтото коло од групата А во Суперлигата на Македонија. Првото полувреме мина во максимално израмнет ракомет, на крај добивајќи го гостите со само еден гол разлика, 13-14.
Еурофарм Пелистер ја продолжи серијата победи во Суперлигата и славеше на гостувањето против Мулти Есенс со 26-36. Шампионот слично како и на првиот дуел со истиот ривал, не виде мака да стигне до бодовите против новиот суперлигаш, а тренерот Ангеловски имаше можност да им даде шанса и на оние ракометари кои немаат преголема минтуажа во Лигата на шампионите. Слободен викенд добива Лесјак, Васиљев, Кисум, Радивојевиќ, Сери...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер доживеаја пораз во Лигата на шампионите, откако вечерва загубија од полскиот претставеник Киелце (21:24).
Битолчани имаа многу лош старт и до крајот на полувремето стигнаа до само осум постигнати голови, во ситуација кога на паузата Киелце замина со предност од шест гола.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister