Еурофарм Пелистер 2 продолжува со одличните настапи во прволигашката конкуренција, а денес нова жртва на битолскиот тим беше Јехона. Избраниците на Александар Зарков на гостувањето во Гостивар славеа со 24-40, а победата ја обезбедија уште во првото полувреме кое го добија со плус 10-21.
Ракомет
Прва лига 2024/25
12. коло
Јехона - Еурофарм Пелистер 2 24-40 (10-21)
Спортска сала „Младост“ - Гостивар
Гледачи: 300
Судии: Пеце Стефановски и Наташа Глигороска
Јехона:
Давидоски 3, Живкоски, Стојаноски, Костовски 2, Јованоски, Тасески 10, Михајловски 1, Б. Груевски, Николоски, Рушити, Салиу 5, Димитриески, Шазивари, Селмани 1, Д. Груевски 1, Маринковски 1
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Печурица, Младенов, Спасевски, Маркоски 6, Блажевски, Наумовски 1, Митревски 7, Димитровски 3, Калајџиовски 5, Пецаковски 2, Славков, Димовски 1, Гичев 5, Белистојановски 9, Југовски, Дрогришки 1
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 4 минути
Најефикасен во победничкиот табор беше младинскиот репрезентативец Ненад Белистојаноски со девет погодоци, додека Христијан Митревски додаде седум.