b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_03_gordio.jpg

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер со пораз ја затвори сезоната во Лигата на шампионите. „Зелените“ пред својата публика загубија од ПСЖ (26-35) и завршија со три победи, два реми исходи и девет порази во четиринаесет одиграни натпревари.

За битолчани ова беше последниот натпревар оваа сезона во Лигата на шампионите, Пелистер од претходно ги загуби шансите за место во нокаут фазата, но пред полната сала сакаше достојно да се збогува со својата публика. Сепак ПСЖ се покажа како многу посилен противник и заслужено дојде до висока победа. Францускиот тим постајно водеше, ја зголемуваше предноста и на крајот победи со 26-35

Тренерот Раул Алонсо, на официјалната прес-конференција, ги анализираше деталите од натпреварот.

„Многу сум горд на Битола и моите играчи, затоа што денес дадовме што можевме. Имавме тешка недела, со ракометари кои беа болни, па не беше лесно да се подготви овој дуел.

Мечот тргна лошо за нас, ПСЖ е одличен тим со светска класа играчи, ги искористија првите минути да направат разлика, но ние се вративме, се боревме добро. Беше тешко да се остане во натпреварот, секогаш бевме два до три гола зад ривалот. Можеби не бевме и доволно добри во одбраната. На полувреме губевме пет гола, пак се вративме, покажавме енергија во последните минути, но мора да прифатиме дека нашето ниво не беше доволно да се носиме со ПСЖ.

Ама, како што кажав, јас сум горд на овие играчи, дадоа максимум. Овие натпревари ќе ги направат посилни. На крајот шанса добија и помладите играчи, па среќен сум затоа што нашата публика ја препозна борбата и цело време беше со нас“, изјави Раул Алонсо.

Филип Кузмановски со осум голови беше најефикасен кај Еурофарм Пелистер, Пешевски постигна четири. а Филип Ивиќ имаше седум одбрани. Најефикасен кај ПСЖ беше Пранди со осум погодоци.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723