Еурофарм Пелистер не успеа да ја прекине серијата порази од почетокот на сезоната во ракометната Лига на шампионите. Македонскиот првак загуби во Унгарија од Пик Сегед со 34-26 (18-19) за седми пораз во рамките од групата A.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер в четврток (18.45 часот) ги продолжуваат настапите во Лигата на шампионите со мечот против ПИК Сегед на гости. Битолчани по шест кола се без освоен бод, а задутре ги очекува тешко гостување во Унгарија против тим кој досега оствари две победи и едно реми и има добри шанси да обезбеди пласман во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.
Ни претставува особена чест и задоволство да ја информираме јавноста дека од денес нов член на Еурофарм Пелистер е македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски. Процесот на обединување на македонските репрезентативци и квалитетни странски засилувања продолжува и враќањето на нашиот поранешен член е одлука која оди во тој правец.
По двонеделна пауза и ЕХФ-неделата, на сцена се враќаат натпреварите од групната фаза на Лигата на шампионите. Неделата на сцена се натпреварите од седмото коло. Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за дуелот меѓу ,акедонскиот првак Еурофарм Пелистер и унгарски ПИК Сегед.
Убедлива победа на шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер во СЦ „Јане Сандански“ во дуелот против Голден Арт. Тимот на Бранислав Ангеловски славеше со 39-16, во доминантно издание во текот на сите шеесет минути. Малкуте голови на гостите се благодарение на блескавите одбрани на Марко Кизиќ, кој во првиот дел имаше 13 одбрани, а вкупно 25 на крајот од мечот.
Младиот состав на Еурофарм Пелистер 2 демонстрираше силен отпор, но на крај загуби од единствената непоразена екипа во Суперлигата, Алкалоид од Скопје. Момците на Михаил Петровски постојано го ловеа водството на противникот и не успеаја да спуштат на под три разлика.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister