Европската фудбалска федерација ги одреди официјалните лица на натпреварите од осмото коло на Лигата на шампионите. Дуелот меѓу македонскиот првак Еурофарм Пелистер и унгарскиот вицешампион ПИК Сегед доаѓаат од Франција. Браќата Карим Гасми и Рауф Гасми ќе ја делат правдата, додека делегат ќе биде Алин Сергиу Чирлигеану од Романија.
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ќе го пречека ПИК Сегед в среда во осмото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ) и ќе се обиде да стигне до првата победа во елитното натпреварување. Тренерот на битолчани, Бранислав Ангеловски кажа дека го загрижува фактот што на претходниот меч против Пик Сегед лесно се предале во завршницата, но се надева дека овој пат нема да се повтори такво нешто.
По официјалната презентација новиот ракометар на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски и спортскиот директор Бранислав Ангеловски зборуваа за медиумите.
Неговото враќање дома е прекрасна вест за нашиот клуб и нашиот град. Филип Кузмановски денес официјално беше претставен како нов ракометар на Еурофарм Пелистер. Тој позираше во зелено-белиот дрес со број 18, во друштво на спортскиот директор и тренер на екипата, Бранислав Ангеловски.
Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 19-29 (7-15)
Охриѓани славеа со 19-29 (7-15) во натпревар во кој фаворитот не дозволи изненадување и водеше од првата до последната минута. До паузата ГРК Охрид имаше 7-15, а на стартот на вториот дел за првпат поведе и двоцифрено (10-20), предност која не ја испушташе во повеќе наврати во продолжението од мечот.
Еурофарм Пелистер – Вардар Неготино 38-14 (18-7)
Еурофарм Пелистер во рамките од 11. коло во македонската ракометна Супер лига на домашен терен со убедливи 38:14 (18:7) го совлада Вардар Неготино. Во победничките редови доминираше Петар Атанасијевиќ со 14 голови, а на спротивната страна Лазар Адамовиќ реализираше пет погодоци.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister