Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај европскиот вицепрвак Киелце со 35-25.
Тренерот Бранко Ангеловски имаше на располагање само четиринаесет ракометари, откако во последен момент остана без бекот Каспер Кисум и пивотот Денис Василев. Кисум не беше во ростерот поради болест, а полските власти не дозволија влез на рускиот интернационалец Василев поради „закана за јавната безбедност“.
Селекторот на српската репрезентација, Тони Џерона го објави списокот на репрезентативци за Европското првенство во Германија. Меѓу 35-те имиња се наоѓаат и пелистерците Урош Борзаш и Богдан Радивојевиќ.
Машката сениорска репрезентација на Македонија на претстојното Европско првенство, кое ќе се оддржи во Германија, е дел од групата А заедно со репрезентациите на Франција , Германија и Швајцарија. Селекторот Кирил Лазаров го соопшти поширокиот список на повикани ракометари за собирот. На списокот има 35 имиња од кои селекторот ќе одбере со кои имиња ќе замине за Германија. Од Еурофарм Пелистер повикани се: Марко Кизиќ, Емилијан Ѓорговски, Петар и Павле Атанасијевиќ, Филип Кузмановски, Жарко Пешевски и Ненад Костески.
Еурофарм Пелистер беше рамноправен на почетокот од натпреварот. Беше 3-3 кога ијелце направи серија од 5-1 и поведе со 8-4. На полувремето беше 18-13 за полскиот тим.
Во вториот дел Киелце дојде до двоцифрена предност која без проблем ја одржа до крајот на мечот за победа од 35-25.
Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) беше одржана ждрепката за елиминациското коло во ракометниот Куп на Македонија за оваа сезона. Познати се сите петнаесет двојки, а победниците и бранителот на трофејот Вардар 196 ќе се пласираат во групната фаза.
Составот на Еурофарм Пелистер во деветтото коло од групата А на Лигата на шампионите ќе се сретне со една од најдобрите, најквалитетните екипи во ова натпреварување, полскиот великан Киелце. На средбата со новинарите пред заминувањето за Полска зборуваа тренерот Бранислав Ангеловски и капитенот Жарко Пешевски.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister